Локален пат Јосифово – Горна Маала – Валандово

Вовед – Општи информации за  проектот

Предмет на овој проект е изработка на проектна документација на ниво на Проект на изведена состојба за LRCP T5 Дел 1 Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани Општини согласно изработени основни проекти – Дел 1 – Реконструкција на локален пат кој ги поврзува с.Јосифово со с.Горна Маала – Општина Валандово со вкупна должина L=692.49m.  Градежните работи кој се дел од овој Проект започнуваат од стационажа 1+180.00 и завршуваат на стационажа 1+872.49км.

Општи и припремни работи

Пред почетокот на теренските работи беа направени дополнителни геотехнички истражувања и лабораториски тестирања се со цел добивање на дополнителни информации за состојбата на теренот и квалитет на материјалите на лице место. Заради безбедност на учесниците во сообраќајот, во периодот на изведување на работите беше изработен Сообраќаен проект за времен режим на сообраќај  и одржување на привремена сообраќајна сигнализација со дневна оперативна проверка на управувањето со сообраќајот за време на изведувањето на работите на патот.

Пред почетокот на градежните работи беше извршено обележување и осигурување на трасата како и отстранување на постоечкиот асфалт на местото на новопредвидената траса.

Долен строј

Со цел да се дојде до проектирана кота за вградување на нов тампонски слој и подобрена постелка беше извршен машински ископ на земја II категорија и одвоз на ископаниот материјал до претходно договорена локација. По ископот, градежните работи продолжија со изработка на подтло, изработка на насип, планирање и валирање на постелката, како и изработка на косини и земјени канали за одводнување со што беше завршена предвидената изработка на долниот строј на патот.

Хоризонтално решение

При изведбата на локалниот пат с.Јосифово – с.Горна Маала, водено е сметка да бидат задоволени следните барања: функционалност, економичност, безбедност и др. Врз база на снимени геодетски податоци е изработен овој Проект на изведена состојба.Изведена е стабилизирана банкина со површина од P=339.59m2. Поставени се мали бетонски рабници  6/20 со МБ40 со должина од L=693.00. Исто така поставени се и големи бетонски рабници  со димензии 18/24 со МБ40 со должина од L= 320,4 m. Изведени се тротоари од бетонски плочки на локалниот пат со вкупна површина од P=866.20m2.Од стационажа 1+575.00 до стационажа 1+590.00 изведен е АБ цеваст пропуст, во согласност со деталите од Основниот Проект.Ситуационите решенија се изработени во размер М=1:1000 и прикажано во графичките прилози во Проектот на изведена состојба.

Коловозна конструкција

Коловозната конструкција за локалниот пат с.Јосифово – с.Горна Маала изведена е со следните слоеви:

  • Подобрена постелка од шљунковит песоклив материјал ……………… d=30 cm
  • Тампонски слој од дробен камен со дебелина ……………………………… d=30 cm
  • Битуменизиран носив слој ………………………………………………….БНС 22 d=7 cm
  • Абечки слој………………………………………………………………………..АБ 11С d=5 cm.

Конструкцијата на тротоарите е изведена од следните слоеви:

  • Камен материјал фракција 4/8 …………………………………………………. d=3-5 cm
  • Бетонски плочки ………………………………………………………………………….d=6 cm.

Карактеристични напречни профили

Во графичките прилози на оваа документација на карактеристичните напречни профили е прикажана изведбата на елементите за одводнувањето со поставување канавки, и бетонски рабници 18/24см со МБ40 прикажани во графичките прилози. Нормалните напречни профили се изработени во размер М=1:100, согласно основниот проект.

Сообраќајна техничка опрема

Изведено е и обележување на асфалтна површина со патарска рефлектирачка боја односно обележување на средна разделна на локалниот пат. Поставена е вертиклана сигнализација со сите предвидени сообраќајни знаци на локалниот пат с.Јосифово – с.Горна Маала, а согласно Основниот Сообраќаен проект.

Дополнителни работи

Заради изведба на насипот на АБ пропуст (мостот), како и за заштита на насипот на патот од ерозија за време на голема вода при поројни дождови, кои се карактеристични за ова подрачје, во текот на изведбата, се појави потребата од изведба на АБ ограден ѕид, соодветно армиран со мрежаста арматура Q-335  (Q-402).

Од стационажа 1+593.00 до стационажа 1+627.00, во должина од вкупно 34м, се појави потреба од изведба на нов АБ пропуст Ф800, заради продолжување на земјениот канал на критичните места и влезови во парцели, како и заштита на трупот на патот од левата страна на патот.

Истo така, заради одводнување на атмосферските води од околниот терен на потегот после АБ пропуст (мостот) се јави потреба од поставување на цевки Ф800 во трупот на патот кај стац. 1+650.00 со должина од 10м за одведување на атмосферските води од десната страна на улицата до другата страна во природниот рецепиент.

По барање на локалното население од Општина Валандово за користење на системот за наводнување од едната на другата страна на локалниот пат кој ги поврзува с.Јосифово со с. Горна Маала , поставени се нови ПЕ цевки Ф315 за пропуст под пат.