Реконструкција на локална улица Македонски Просветители

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пат, тротоари и изведба на паркинг простор и нова велосипедска патека.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, тампонски слој и дел од подлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност
  5. Изведба на еедн асфалтен слој и гранитни блокови:
    1. Битуменизиран асфалтен слој БНХС 16а – 7см
    2. Гранитни блокови 10/10
  6. Машинско прскање со битуменска емулзија
  7. Вградување на бетонски рабници.
  8. Нивелирање на постојни шахти и изведба на нови шахти, и одводен канал за атмосферски води
  9. Изведба на тротоари од гранитни блокови
  10. Изведба на велосипетска патека од гранитни блокови.
  11. Изведба на електрични инсталации
  12. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација