Вкупна должина на патот: L = 1010 m
- Проектирана брзина: 30 km/h
- Ширина на профил на патот: 75 m – 5,00 m
- Максимален попречен профил: 7 %
- Максимален надолжен профил: 12 %
Структура на тротоар
- БНХС 16 – асфалтен слој: d = 7cm
- Основен слој од кршен камен: d = 30cm
Предметната улица е дел од Т8Д4 и е една од вкупно двете улици за реализација во општина Старо Нагоричане според овој договор.
Работите ги изведува градежната компанија „Ленди Груп ДООЕЛ Скопје“.
Преглед на проектот
Градежните работи ги вклучуваат следните задачи:
- Обезбедување и обележување на трасата
- Стружење (планирање) на постојниот пат
- Изградба на насип
- Механички ископ на почва во широк ископ III и IV категорија со утовар и транспорт до локација или депонија посочена од инвеститорот-Општина
- Набавка, транспорт и монтажа на тампонски слој од кршен камен за патот d=30cm до потребното набивање
- Набавка на материјали, транспорт и израдба на бетонски сливници 30/30/30
- Асфалтно поплочување со БНХС 16, d = 7cm
Пред изградбата улицата, односно коловозната конструкција беше во лоша состојба, односно постоеше земјен пат. Со цел да се подобри сообраќајната поврзаност како и непречено и безбедно функционирање на патниот сообраќај, неопходно беше да се реконструира истиот пат.Вредноста на потпишаниот договор е 9.075.083 денари.
Во моментов се завршени 93 % од улицата. Во прилог се фотографии кои ја документираат улицата пред изградбата, за време на изградбата и завршените делници.