ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за
„Надградба на локална улица „Обиколница“ во н.м. Градско“, Општина Градско
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Градско аплицираше со проект за „Надградба на локална улица „Обиколница“ во н.м. Градско.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ „План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
За истиот ќе се одржи јавна расправа/видео консултација на
23.08.2022 (вторник) со почеток во 10.00 часот во просториите на општина Градско.
Документот “ План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)
Единица за имплементација на проект при МТВ www.wbprojects-mtc.mk и на
Општина Градско Извeстување за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Надградба на локална улица „Обиколница“ во Градско, Општина Градско! | Општина Градско (gradsko.gov.mk) на 18.08.2022.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерството за транспорт и врски
Единица за Имплементација на Проектот