Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk и на
Општина Крива Паланка krivapalanka.gov.mk на 12.03.2021
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.