Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на бул. „Киро Глигоров“ од мостот „Близнак“ до надвозникот на бул. Александар Македонски“ во Општина Гази Баба, Град Скопје

12 ноември, 2020 @ 14:30 - 16:00

Ве покануваме на јавна расправа / видео консултација за документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалната улица “Реконструкција на бул. „Киро Глигоров“ од мостот „Близнак“ до надвозникот на бул. Александар Македонски“ во Општина Гази Баба во град Скопје, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 12 ноември (четврток) 2020 со почеток во 14.30 часот, со следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање на претставник од Министерство за транспорт и врски за Проектот за поврзување на локални патишта; – 10 минути
  2. Краток осврт на проектните активности од страна на претставник од Министерство за транспорт и врски; – 15 минути
  3. Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (м-р Славјанка Пејчиновска Андонова, Експерт за животна средина); – 20 минути
  4. Дискусија.

 

Детали

Датум:
12 ноември, 2020
Време:
14:30 - 16:00
Проект:
Категорија на настан:  Јавна презентација и видео консултација
Документи поврзани со настанот