ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Реконструкција на улица во населба Езерски Лозја во Струга, општина Струга
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Струга аплицираше со проект за „Реконструкција на улица во населба Езерски Лозја во Струга, општина Струга.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен драфт документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 24.01.2025 година официјалните веб страници на:
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на Проектот
Министерството за транспорт