
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Реконструкција на локален пат во село Кучевиште (дел од улица 6 и дел од улица Призренска 2)
КО Кучевиште вон град, општина Чучер Сандево
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Чучер Сандево аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на локален пат во село Кучевиште (дел од улица 6 и дел од улица Призренска 2) КО Кучевиште вон град, општина Чучер Сандево.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 27.04.2026 година официјалните веб страници на:
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на
Проект за поврзување на локални патишта
Министерство за транспорт
Забелешка: Поради големината на првичната верзија на изготвениот документ Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјалниа спекти за под-проект “Реконструкција на локален пат во село Кучевиште (дел од улица 6 и дел од улица Призренска 2) КО Кучевиште вон град, општина Чучер Сандево” не сме во можност да ја прикачиме на официјалната веб страна на Единицата за имплементација за Проектот за поврзување на локални патишта, но истата можете да ја побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk