Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на постојна улица, ул. „Париска“ општина Карпош во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

15 мај, 2020 @ 08:00 - 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Карпош аплицираше со проект за реконструкција на постојна улица, ул. „Париска“ општина Карпош, Скопје.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Карпош (https://karpos.gov.mk/) на 15 мај 2020 (петок).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

 

Детали

Датум:
15 мај, 2020
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан:  Известување за достапност на Контролна Листа на ПУЖССА