ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
“Рехабилитација на локална улица „Илинденска“,
во Општина Пехчево
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Пехчево аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица „Илинденска“,во Општина Пехчево.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 07.04.2025 година официјалните веб страници на:
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Напомена: Поради големината на првата верзија на Контролната Листа на ПУЖССА за ул.Илинденска, општина Пехчево, не сме во можност да ја прикачиме на официјалната веб страна на ЕИП, но истата можете да ја побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk
Единица за Имплементација на Проект за поврзување на локални патишта
Министерството за транспорт