Имплементатор
Владата на Република Северна Македонија со заемот кај Меѓународната Банка за обнова и развој, Светска Банка за Проектот P162043, договор за заем 08929-МК за реализација на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот во Западен Балкан и Проектот P170267, договор за заем 09034-МК за поврзување на локалните патишта во Северна Македонија му додели обврска на Министерството за транспорт и врски за имлементација на двата проекти.
Министерството за транспорт и врски имаше цел да воспостaви Единица за имлементација на проекти во рамки на просториите на министерството, односно тим кој ќе ја спроведе и мониторира имлементацијата на “Проектот за унапредување на трговијата и транспортот во Западен Балкан” и “Проектот за поврзување на локалните патишта во Северна Македонија”.
За потребите на Проектите, во рамките на Министерството за транспорт и врски беше оформена Единица за имплементација на Ноември 2019 година која броеше 7 консултанти, а веќе во Декември 2021 година кон тимот се приклучија дополнително уште 5 консултанти.
Единица за имлементација на проекти моментално ја сочинуваат 12 експерти, кои се одговорни за сите аспекти од спроведувањето на Проектите и нивните компоненти, вклучувајќи мониторинг, известување, фидуцијарни функции и заштитни мерки во блиска соработка со ресорните министерства и јавните служби, со една и единствена цел, успешна и навремена имплементацијата на “Проектот за унапредување на трговијата и транспортот во Западен Балкан” и “Проектот за поврзување на локалните патишта во Северна Македонија” во рокот определен согласно договорите за Заем на овие проекти.
Единица за имлементација на проекти е во состав, Проектен Директор, Експерт по финансиско управување, двајца Експерти за јавни набавки, тројца Експерт за транспортна инфраструктура, двајца Експерт за сообраќајна патна инфраструктура, Експерт за животна средина и социјални аспекти, Експерт за сообраќај и Експерт за трговија и царина.
Проектен тим
Харита Пандовска
Експерт за транспортни проекти
Ирина Темелковска
Експерт за транспортна инфраструктура
Елизабета Колиќ Соколовска
Експерт за патна транспортна инфраструктура
Сашка Богданова Ајцева
Експерт за животна средина и социјални аспекти
Јован Христоски