Вовед – Општи информации за проектот
Улица „Никола Карев“ со краци 1, 2, 3 и 4
Проектните активности за реконструкција на локалните улици „Никола Карев“, „Јане Сандански“, „Илинденска“ и „Вељко Влаховиќ“ со улични краци во населба Стар Дојран ќе се одвиваат во Општина Дојран. Секоја од улиците е поврзана со претходната, односно четирите улици формираат меѓусебна мрежа. Секоја улица од горенаведените има краци кои служат како пристап до објектите за домување. И краците се предмет на овој проект. Улица Никола Карев L=536.00m со краците Крак 1 L=35,28m, Крак 2, L=19,05m, Крак 3 L=128,66m и Крак 4 L=75,46m, и Улица Илинденска L=111,36m со кракот Крак 8 L=34,36m. Сите проектни улици се со ширина помала од 5,5 m, што налага да се обезбеди еднонасочен режим на сообраќај низ целата улична мрежа. Ширината на постоечките краци варира помеѓу 2 и 4 m. Улиците се бетонирани и во употреба долги години и се во многу лоша состојба со различни оштетувања, што го отежнува движењето на локалното население. Не се предвидува нивно проширување, согласно Основниот проект но со барање на Општината и одобрување од Инвеститорот ул.Никола Карев се предвидува да биде со ширина од 5м. Вдолж проектните улици лоцирани се главно индивидуални куќи, како и сместувачки капацитети (апартмани, вили, и сл.).
Улица „Илинденска“ со крак 8
Должината на проектната улица е 111,36 m и 145,72 m, сметана со крак 8. Ширината долж улицата изнесува 4 m. Трасата на улицата „Илинденска“ започнува на крстосницата со улицата „Јане Сандански“ и завршува на крстосницата со улицата „Вељко Влаховиќ“.
Наклоните на нивелетата се ограничени согласно постоечките падови и состојбата на терен. Максималните и минималните наклони произлегуваат од конфигурацијата на теренот, односно од наклоните на постоечкиот пат. Минималниот надолжен наклон на улиците изнесува 0,28%, додека максималниот надолжен наклон изнесува 16,14%, следејки ја постоечката нивелета.
Улица „Јане Сандански“ со краци 5, 6 и 7
Локалната улица „Јане Сандански“ е со должина од 122,91 m, а вкупна должина од 225,74 m, вклучувајќи ги краците 5, 6 и 7. Нејзината ширина изнесува 5 m. Трасата започнува од крстосницата со улицата „Никола Карев“ и завршува на крстосницата со улицата „Илинденска“.
Улица „Вељко Влаховиќ“ со крак 9
Должината на улицата „Вељко Влаховиќ“ е 386,46 m и 422,59 m, сметана со крак 9. Ширината долж улицата изнесува 3 m. Трасата на улицата започнува на крстосницата со улицата„Илинденска“ и завршува на крстосницата со локалната улица „Никола Карев“.
- Основните проектни елементи на улиците се:
- Проектна брзина Vp=30 км/час
- Ширина на коловозот 4.00м – 5.00м
- Напречен наклон едностран во правец и кривина – согласно постоечки наклони на предметната улица.
- Се предвидува поставување на нов асфалт БХНС16 – 7см
- Поставување на тампонски слој – 20см
- Берма од земјен материјал со ширина од 50см
- Одводнувањето на улицата е во согласност со постојната состојба која е решена со одведување на површинските води со надолжниот и напречниот наклон
Локалниот пат е дел од Т7Д4.Kонструктивните активности ги извршува Жикол МЗТ.
Вкупната сума за реконструкција на овој проект е 9.979.063 денари.