Вовед – Општи информации за проектот
Локалната улица „1“ во населба Ракитец е со вкупна должина од 815,59 m и е во многу лоша состојба со дупки, попречни, надолжни пукнатини и оштетувања и пукнатини налик на крокодилска кожа. На проектната улица во моментов нема тротоари и нема вертикална и хоризонтална сигнализација. Трасата започнува на околу 250 метри североисточно од спојот со регионалниот пат Р2434 и завршува во близина на домот на култура во населбата Ракитец. Вдолж локалната улица се наоѓаат претежно индивидуални куќи. Од десната страна во близина на почетокот на трасата се наоѓа единствената локална продавница во населбата. Основното училиште „Гоце Делчев“ се наоѓа од левата страна на трасата на околу 500 метри од нејзиниот почеток. Веднаш до училиштето, се наоѓаат фудбалско игралиште и автобуска станица. Наспроти училиштето „Гоце Делчев“, од другата страна на улицата има локална здравствена амбуланта, која престанала да работи пред неколку месеци. На крајот од патеката се наоѓа дом на култура. Во моментов и домот на култура не е во функција.
Основните проектни елементи на улицата
- БНХС 16 (Битуменизиран носив абечки слој)…………………………………………………………. d=7cm
- Тампонски слој од дробен камен агрегат со фракција 20/70мм d=30cm
За тротоарите е предвидена следнава коловозна конструкција:
- Павер елементи (бекатон плочки)…………………………………………………………………d=6cm
- Ситен песок…… d=5cm
- Тампонски слој од дробен камен агрегат со фракција 20/70мм
Нивелетското решение е условено од фактичката висинска положба на теренот