Реконструкција на пристапен пат до нови Градски гробишта

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пат и изведба на тротоар.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат (коловоз), горниот слој и дел од подлогата.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на потребна збиеност.
  4. Нивелирање и изработка на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност.
  5. Изведба на предвиден слој на асфалт:
    1. Вградување на  БНХС 16а д=7см
  6. Прскање со битуменска емулзија помеѓу слоевите
  7. Вградување на бетонски рабници.
  8. Изведба на тротоари од павер елементи.
  9. Изведба на површински земјени канали, цевки и изведба на бетонски пропуст за одводнување на атмосферски води од корисниците.
  10. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација.