По квалификувана криза или итна состојба, заемопримачот може да побара од Светска Банка прераспределба на средства од проектот за поддршка на итни реакции и реконструкции. Во таков случај, со оваа компонента би се финансирале итни реакции и реконструкции со повлекување средства од нераспределените средства од заемот од другите компоненти на проектот.
Component Category: Поврзување на локални патишта
Поддршка при имплементација на проектот
Со оваа компонента ќе се поддржат трошоците на проектот за ЕИП во рамките на МТВ. ЕИП е веќе заеднички формирана за овој проект и за ПОТТ на Западен Балкан (П162043). Трошоците кои може да бидат покриени со оваа активност опфаќаат, но не се ограничени на, позиции во персоналот како директор на ЕИП, консултант за набавки, консултант за финансиски менаџмент, консултант за животна средина и социјални аспекти, и градежни инженери. Иако проектната имплементација е централизирана во оваа ЕИП, потребна е блиска соработка со 80 општини. Преку оваа компонента исто така ќе се финансира назначување на независни технички ревизори кои ќе оценат примерок по случаен избор (5 до 10 проценти) од патиштата со што ќе се осигура дека квалитетот на планирањето, проектирањето и изведбата е во согласност со договорените постапки. Независните ревизии исто така ќе дадат насоки за поддржување на континуирано подобрување на институционалните елементи на проектот.
Рехабилитација на локалните патишта и објектите на заедницата
Со оваа компонента ќе се финансираат инвестиции во инфраструктурата на општинските патишта и улици и соодветно поврзани процеси на консултации и подготвителни процеси. Истата ќе се имплементира преку две подкомпоненти.
Подкомпонента 2.1: Рехабилитација и подобрување на патиштата
Со оваа подкомпонента ќе се финансира рехабилитацијата на општинските патишта и улици со цел подобрување на нивниот квалитет, безбедност и отпорност. Проектот ќе финансира приближно 450 км патишта (со инсталирање празни водови долж патиштата како поддршка на агендата за дигитализација на земјата и Проектот за дигитална економија во Северна Македонија (П170993)), или 7 проценти од локалните патишта во земјата. Нема да се финансира градење на неизградени површини. Со заемот исто така ќе се финансираат консултантски услуги за надзор. Техничките проекти може да бидат изработени од општините, преку техничка помош од Проектот за подобрување на општинските услуги (ППОУ), или од страна на консултанти финансирани преку заемот. Проектите ќе се осврнат на ранливоста од климатски промени и други релевантни природни опасности и ќе подлежат на ревизија на безбедноста на патиштата.
Средствата од заемот ќе бидат распределени во 80 општини во форма на грантови, согласно критериумите кои ќе ги договорат МТВ, општините и Светска Банка. Критериумот за доделување средства е така договорен за да се обезбеди минимално распределување по општина, а остатокот од средствата да бидат распределени врз основа на модифицирана проектна формула на Европската инвестициска банка (ЕИБ) однапред договорена со општините, а која ги зема предвид населението, бројот на неселени места, површината на општината и бројот на регистрирани возила. Според формулата на ЕИБ, 50 проценти од поените се доделуват за бројноста на населението, 30 проценти за бројот на населени места и 20 проценти за површината на општината. На општините им се познати износите за финансирање кои се базираат на пристапот на ЕИБ и структурата на формулата на ЕИБ, што е резултат на долгите дискусии во Владата и на Владините седници. Проектот ја унапреди формулата на ЕИБ така што го воведе бројот на регистрирани возила во една општина со цел да може да се земе предвид користењето на патиштата кое учествува со 80 проценти од поените во формулата на ЕИБ, а 20 проценти од поените одат на бројот на регистрирани возила. Иако МТВ бараше официјални податоци за должината на локалните патишта од секоја од општините, многу малку општини ги обезбедија бараните податоци, поради што МТВ реши да не ги вклучи тие варијабли во крајната формула. Формулата овозможува транспарентност, техничка издржаност и добра географска покриеност низ земјата.
За да се забрза имплементацијата на проектот, работите за рехабилитација на патиштата во првата година беа избрани од пул на постојни, високо-приоритетни проекти за рехабилитација на патиштата изработени од страна на општините. МТВ им даде на општините јасни насоки за приоритизација на патиштата кои се врска до услуги, на пример, училишта и болници, и пазари. Општините доставија запечатени инженерски проекти и изјави во кои со објаснува социјалното и економското начело за избор на секоја делница на патот. МТВ направи скрининг на таквите предлози со цел да ја потврди техничката адекватноста на проектите за градежни работи и подготвеноста за имплементација, со евентуално стеснување на листата на работи во првата година на 83 км, со проценет трошок од 14 милиони ЕУР.
За последователните фази, општините ќе применат процес на систематско планирање, веднаш кога ќе биде достапен, или процена на потребите на учесниците која ги вклучува сите групи во заедницата за идентификување на преостанатите локални патишта кои треба да бидат поддржани преку проектот. Како што општините ќе ги развиваат своите капацитети за користење едноставни методи за управување со актива, од нив ќе се очекува да користат РАМС како помагало за препознавање на патишта како дел од проектот, предмет на учество на и фидбек од јавноста. Дополнително на препознавањето патишта како дел од проектот, општините ќе користат партиципаторен процес за идентификување конкретни предизвици кои треба да се адресираат во проектите за градежни работи (на пример, недостаток на тротоари). Ваквите предложени интервенции ќе бидат предмет на надгледување на МТВ и Светска Банка, како и на економска анализа на трошоци и приходи. Општините ќе бидат поттикнати да одберат патишта кои се поврзуваат со други проекти на Светска Банка, вклучително и згради кои имаат придобивки од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (П149990) и верижните објекти од земјоделска вредност изработени во рамките на Проектот за модернизација на земјоделството (П168014).
Подкомпонента 2.2: Пилот инфраструктурен проект поттикнат од заедницата
Во рамките на оваа подкомпонента, ќе се обезбеди финансирање за одбрани општини за пилот проекти и поддршка на приоритетни инвестиции идентификувани од страна на заедниците за унапредување на нивната мобилност и безбедност на патиштата. Така ќе се помогне во осигурувањето дека инвестициите во патиштата (финансирани во рамките на Подкомпонента 2.1) ја оптимизираат локалната мобилност. Бидејќи овие проекти ќе се водат по потребите, не е познато кои дополнителни инвестиции ќе бидат поддржани, но заедно со заедниците ќе бидат изработени планови за мобилност со цел приоритизација на интервенциите. Плановите за мобилност ќе ги идентификуваат решенијата за пошироките потреби за мобилност на заедниците во однос на услугите за јавен транспорт, активна мобилност, отпорност, безбедност и сигурност. Конкретните мерки може да вклучат мерки за подобрување на безбедноста како на пример тротоари, велосипедски патеки, дополнително улично осветлување, автобуски засолништа, подобрување на приклучоците, порамнување на патиштата и пешачки премини; мерки за подобрување на климатската отпорност, како на пример стабилизација на насипите и работи за одводнување; и мерки за подобрување на јавниот транспорт и училишниот автобуски превоз. Дел од средствата ќе бидат наменети за ранливите групи, вклучително и ромите. Одбраните општини кои ќе учествуваат во пилот проектот ќе имаат истакнати потреби од, и посветеност кон, проекти поттикнати од заедницата кои им служат на потребите на ранливите групи. Наодите од тековната процена на ромите и родот, ќе посочи на потребни интервенции во рамките на оваа подкомпонента кои подобро ќе одговорат на потребите за мобилност на ромите и жените.
Унапредување на капацитетите
Со оваа компонента ќе се финансираат активности за техничка помош и градење капацитети со кои ќе се градат локалните и централните владини капацитети за управуавње со локални патишта, преку воведување јасна рамка за планирање и управување и подобрени пристапи за доделување договори. Оваа компонента ќе ги вклучува и следните две подкомпоненти.
Подкомпонента 1.1: Зајакнување на капацитетите на општините за планирање и имплементирање
Со оваа подкомпонента ќе се финансира процена на општинските капацитети со цел оцена на слабите и јаките страни на моменталниот систем и доставување предлог програма за унапредување на капацитетите, онаму каде што е тоа соодветно. Со неа исто така ќе се финансира развој на сет едноставни договори за одржување на патиштата кои може да бидат прилагодени на различните потреби на општините и да се поттикне усвојување на овие договори со цел подобрување на распределбата на нивните трошоци за одржување; да се оцени како помалите општини може да имаат корист од економии на обем овозможени од поголеми договори, како што се реонски договори за одржување; и да се развие едноставен РАМС базиран на ексел за планирање на одржувањето и рехабилитацијата и како поддршка на некои од потребите за собирање податоци. Градењето капацитети ќе се насочи кон постојните капацитети и човечки ресурси во општините и ќе се фокусира на (а) собирање податоци за патен инвентар; (б) користење на едноставен РАМС за следење на условите на патиштата и програма за одржување и рехабилитација на патиштата; (в) повторно навраќање на поплаки од граѓаните; (г) промовирање транспарентност во донесувањето одлуки; и (д) извршување активности за одржување на патиштата на поефикасен начин преку подобрени методи за доделување договори и меѓуопштинска соработка, онаму каде што е тоа соодветно. Поддршката ќе се одвива преку основање работни групи согласно расположливоста на секоја општина да ги имплементира институционалните реформи кои се предложени со овој проект. Конкретните активности кои се финансираат во рамките на оваа подкомпонента вклучуваат обуки, консултантски услуги за техничка помош и воспоставување и финансирање рутинско достигнување до општините.
Подкомпонента 1.2: Поддршка за капацитетите на МТВ
Со оваа подкомпонента ќе се финансира техничка помош и градење капацитети со кои ќе му се помогне на МТВ да преземе поцврста улога во нагледувањето на развојот и квалитетот на локалните патишта. Со оваа подкомпонента ќе се обезбеди поддршка за техничка помош за (а) развој на централни владини политики за општинските патишта; (б) дефинирање одржлив извор за финансирање и на капитални инвестиции и на одржување; (в) преглед и/или ажурирање на формулата за распределба која се користи за пренос на средства на општините преку ЈПДП; (г) развој на централен владин механизам за мониторинг на условите на општинските патишта; (д) спроведување преглед на капацитетите за безбедност на патиштата и давање препораки за институционални измени; (ѓ) изработка на насоки за климатски отпорно проектирање за локални и ниско-прометни патишта; и (е) координација со други чинители, вклучително ЗЕЛС и регионалните агенции за развој.