Поддршка за единиците за имплементација на проектот (ЕИП) и обезбедување дополнителна техничка поддршка

Со оваа компонента ќе се поддржат единиците за имплементација на проектот и ќе се обезбеди дополнителна техничка поддршка, вклучително и координација во политиките, оперативните трошоци и мониторингот и евалуацијата на проектот.

Подобрување на пристапот до пазарот на услуги и зајакнување на регионалните инвестиции

Со оваа компонента ќе се поддржи имплементацијата на заложбите на Северна Македонија за подобрување на пристапот до пазарот на услуги и зајакнување на регионалните инвестиции. Активностите во рамките на оваа компонента ќе се состојат од техничка помош за имплементирање на регулаторни и институционални реформи потребни во согласност со конкретните заложби на земјата согласно ДП5 и ДП6.

Унапредување на ефикасноста и предвидливоста на транспортот

Развојот на стратегија за ИТС (Интелигентен транспортен систем) и правна рамка за ИТС, во комбинација со употребата на ИТС и МД (Мерење на движењето) на автопатот А1, дел од Коридор Х: Патот М1 (север-југ) е составен дел од Коридорот Х, додека во најголемиот дел е граден како автопатот А1. Опремен е со основната сообраќајна сигнализација и опрема. Проектот предвидува воведување на ИТС и МД на автопатот А1, дел од Коридорот Х, делница Табановце-Гевгелија, во должина од 175 км.

Олеснување на прекуграничното движење на стоки

Оваа компонента се заснова на регионалната посветеност, вклучително и во рамките на ЦЕФТА ДП5 и Договорот на заедницата за транспорт, како и посветеноста на земјите од ЗБ6 кои се членки на СТО ТФА. Компонентта ќе се фокусира на: (а) усвојување/имплементирање на решение за Национален едношалтерски систем (НЕС) и соодветното реформирање и модернизирање на Царината и други барања на телото за управување со границите; и (б) подобрувања на граничните премини во одбрани коридори за трговија. Главната придобивка од оваа компонента ќе биде поефикасно процесирање на документацијата за меѓународна трговија и транспорт, со што ќе се подобри транспарентноста на трансакциите, ќе се намали дуплирањето и преклопувањето, ќе се намалат трошоците за трговски трансакции, и ќе се поддржи ефективна соработка помеѓу владините тела, но и ќе се подобри меѓу-агенциската координација и ќе се намали времето потребно за царинење стоки. Предвидените значителни заштеди на трошоци се очекува да резултираат и со намалено време и трошок за прекугранично тргување, пониски трошоци за транспорт, и на крајот и зголемена конкурентност на регионалните и глобалните пазари.