Вовед – Општи информации за проектот
Улицата „Јане Сандански“е лоцирана во јужниот дел од градот Демир Капија. На северозападната и југоисточната страна улицата се спојува со постоечки асфалтни улици. Ширината на улицата „Јане Сандански“е променлива и не ги задоволува критериумите за непречен проток на возила и безбедност во сообраќајот. Сегашната состојба на проектната улица е карактеризирана со земјен пат со разни видливи оштетувања, формирана од два краци.
Согласно Основниот проект, планирано е да се постави нов асфалт со ширина од 5,5m и тротоари од двете страни на првиот крак од улицата. Вториот крак претставува продолжение на првиот крак и е предвиден да биде пешачка патека. Одводнувањето на улиците е преку надолжните наклони по должина на целата улица. На двете страни од проектната улица „Јане Сандански“ лоцирани се само индивидуални куќи.
Основните проектни елементи на улицата се:
КРАК 2: пешачка патека со променлива ширина ~2.7m
Локалниот пат е дел од Т7Д4. Вкупната сума за реконструкција на овој проект изнесува 4218307.5 денари.