Изградба на улица “Свети Климент Охридски” III фаза во општина Гевгелија

Општи информации за проектот 

Целта на  проектот е изработка на улица Свети Климент Охридски  во општина Гевгелија, така што да бидат задоволени сите барања (проектни параметри, функционалност, економичност, безбедност), како и препораките од страна на општината како краен корисник на предметната улица. Улицата е дел од Т9Д1.

Оската  на улицата се  води од стационажа 0+000,00 до 1+231,08, односно вкупкната должина на улицата изнесува 1231,08 метри.

Градежните работи кои се опфатени со изградба на предметната улица вклучуваат:

  • Обележување и осигурување на трасата
  • Изработка на горен слој од коловозот
  • Набавка, транспорт и вградување на тампонски слој од дробен камен материјал
  • Изработка на берма
  • Набавка, транспорт и вградување на рабници 18/24
  • Изведба на два асфалтни слоеви (носив слој БНС 22сА и абечки слој АБ11с)
  • Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема
  • Набавка, транспорт и вградување на битуменска емулзија од 0.3-0.5 кг/м2 врз претходно исчистена и обеспрашена површина
  • Набавка, транспорт и машинско вградување на асфалт бетон АБ-11с

Конструктивните работи ги извршува Битем ЈВ.

Реконструкција на дел од локална ул. Методија Андонов Ченто во с. Мрзенци

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постојниот асфалтен пат.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, постоен тампонски слој и дел од подтлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање +lна подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на предвиден слој на асфалт:
    1. Вградување на БНХС 16а -6,5см
  6. Вградување на бетонски рабници.
  7. Изведба на бетонски пропусти, поставување одводна цевка за атмосферски води
  8. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација