Локална улица „Јане Сандански“ во град Демир Капија

  Вовед – Општи информации за  проектот

Улицата „Јане Сандански“е лоцирана во јужниот дел од градот Демир Капија. На северозападната и југоисточната страна улицата се спојува со постоечки асфалтни улици. Ширината на улицата „Јане Сандански“е променлива и не ги задоволува критериумите за непречен проток на возила и безбедност во сообраќајот. Сегашната состојба на проектната улица е карактеризирана со земјен пат со разни видливи оштетувања, формирана од два краци.

Согласно Основниот проект, планирано е да се постави нов асфалт со ширина од 5,5m и тротоари од двете страни на првиот крак од улицата. Вториот крак претставува продолжение на првиот крак и е предвиден да биде пешачка патека. Одводнувањето на улиците е преку надолжните наклони по должина на целата улица. На двете страни од проектната улица „Јане Сандански“ лоцирани се само индивидуални куќи.

Основните проектни елементи на улицата се:

КРАК 2: пешачка патека со променлива ширина ~2.7m

  • Се предвидува поставување на нов асфалт БХНС16 – 7см и поставување на големи
  • рабници (18х10х24) од двете страни на коловозот на Крак 1 како и мали рабници
  • (8х20) долж Крак 2 и новопроектираните тротоари.
  • Крак 2 е пешачка патека од павер елементи (8х10х20см).
  • Тротоари се предвидени долж целиот коловоз од двете страни на коловозот.Од
  • десната страна тротоарот има променлива широочина (130-270см) – која е условена
  • од градежните парцели во урбанистичкиот план. Тротоарот од левата страна на
  • коловозот се планира со константна ширина од 200см.

Локалниот пат е дел од Т7Д4. Вкупната сума за реконструкција на овој проект изнесува 4218307.5 денари.

 

Реконструкција на локална улица Маршал Тито

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен земјан пат како и изведба на нов тротоар.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  3. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  4. Изведба на предвидени слоеви на асфалт:
  5. Слој од битуменски асфалт БНХС 16 -8,0см
    1. Поставување на бетонски рабници
  6. Нивелирање на постојни шахти и изведба на нови, онаму каде што е потребно.
  7. Изведба на тротоари од павер елементи
  8. Поставување цевки за оптички кабел.
  9. Поставување цевки за одводнување на атмосферски води.
  10. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација

Реконструкција на локална улица Гоце Делчев – Демир Капија

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен земјан пат како и изведба на нов тротоар.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот земјан слој, тампонски слој и дел подтлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на предвидени слоеви на асфалт:
    1. Слој од битуменски асфалт БНХС16 -8,0см
  6. Поставување на бетонски рабници
  7. Нивелирање на постојни шахти и изведба на нови, онаму каде што е потребно.
  8. Изведба на тротоари од павер елементи
  9. Поставување цевки за оптички кабел.
  10. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација

Реконструкција на локална улица 8ми Март

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен земјан пат и изведба на нов тротоар.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. 1. Обележување на трасата на новопланираниот проект.
  2. Отстранување на постоен земјан слој, тампонски слој и дел од подтлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на преддвидени слоеви асфалт:
    1. Слој од битуменски асфалт БНХС 16 -8,0см
  6. Поставување на бетонски рабници
  7. Изведба на тротоари од павер елементи
  8. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација

Реконструкција на локална улица 11 Октомври

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен земјан пат и изведба на тротоари.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата за новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот земјан слој, тампонски слој и дел од подтлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на потребен слој на асфалт:
    1. Вградување на  БНХС 16 -8,0см
  6. Поставување на бетонски рабници
  7. Изведба на тротоари со павер елементи.
  8. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација