Преглед и анализа на постојната опрема поврзана со царината за сите гранични премини и сите останати царински објекти, изработка на проект и техничка спецификација за опрема за ново решение за системи за видео надзор (CCTV) и системи за автоматско препознавање регистерски таблички (ANPR) за сите гранични премини (BPCs) и останати царински објекти и извршување проектантски надзор во текот на инсталирање и тестирање на опремата

Реф. Бр.

WBTTFP-8929-MK-121D-CS-CQS

Консултантските услуги вклучуваат преглед и анализа на постојната царинска опрема на сите гранични премини (ГПи) и царински услуги, изработка на проект и технички спецификации за опрема за нови решенија за системи за видео надзор (CCTV) и автоматско препознавање на регистарски таблички (ANPR) за сите гранични премини и царински услуги и ревизија на проектот при инсталирање и тестирање на опремата.

Услугите ги вклучуваат следните главни задачи:

  • Преглед и анализа на постојните царински решенија и опрема за системи за CCTV и ANPR за сите гранични премини и царински услуги и процена на можностите за искористување делови од постојната опрема во новите решенија и процена на можностите за интегрирање податоци од новиот систем за ANPR во Системот за царинење и обработка на акциза (CDEPS);
  • Изработка на проект за интегрирано, централизирано ИП базирано решение за нови системи за CCTV и ANPR за сите гранични премини и царински услуги. Консултанот треба да изработи најмалку две проектни решенија од кои ќе биде избрано едно;
  • Изработка на Листа на стоки и поврзани услуги, Распоред за испорака и завршување, Технички спецификации и Цртежи (на кои ќе биде прикажана поставеноста на сите локации/услуги на опремата потребни согласно прифатеното проектно решение) кои ги опишуваат стоките и поврзаните услуги кои треба да се набават преку Барање за понуди (БЗП) за стоки (согласно образецот на Стандардна тендерска документација на Светска Банка), за обезбедување нова царинска опрема за системи за CCTV и ANPR за сите гранични премини и царински услуги;

Ревизија на проект низ сите фази на инсталирање и тестирање на царинската опрема.

Произлезени документи

Извештаи