Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Конче аплицираше со проект за Реконструкцијана локалната улица од населбите Горни и Долни Липовиќ, во Општина Конче.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Конче (https://konce.gov.mk/) на 25 Септември 2020.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.