ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за
“Надградба на локална улица во н.м. Лозово, локална улица во н.м.
Аџиматово, локални улици во н.м. Каратманово, локални улици во н.м.
Милино и локални улици во н.м. Дорфулија во”, во Општина Лозово
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од
страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и
врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната
патна инфраструктура, Општина Лозово аплицираше со проект за Надградба на локална
улица во н.м. Лозово, локална улица во н.м. Аџиматово, локални улици во н.м.
Каратманово, локални улици во н.м. Милино и локални улици во н.м. Дорфулија во
Општина Лозово.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на
барањата на Светска Банка беше подготвен документ “ План за управување со животна
средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и
социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти”
За истиот ќе се одржи јавна расправа/видео консултација на
23.08.2022 (вторник) со почеток во 13.00 часот во просториите на општина Лозово.
Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде
ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Единица за имплементација на Проектот: www.wbprojects-mtc.mk
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на
Општина Лозово (https://www.opstinalozovo.gov.mk/ ) на 18.08.2022 година.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на
документот на веб страна.
Министерството за транспорт и врски
Единица за Имплементација на Проектот