Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на локални улици во Општина Босилово

22 август, 2022 @ 08:00 - 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Босилово аплицираше со проект за „ Реконструкција на локални улици во Општина Босилово.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)

Единица за имплементација на проект при МТВ www.wbprojects-mtc.mk и на

Општина Босилово Почетна | Општина Босилово (opstinabosilovo.gov.mk) на 12.08.2022.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Датум:
22 август, 2022
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: