Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на ул. Никола Карев и Реконструкција на дел од ул. Јаким Стојковски-Пробиштип

14 април, 2025 @ 08:00 - 28 април, 2025 @ 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна Листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти за под-проект

Реконструкција на ул. Никола Карев и

Реконструкција на дел од ул. Јаким Стојковски во општина Пробиштип

во рамки на Проектот за поврзување на

локални патишта во

Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Пробиштип аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на ул. Никола Карев – Пробиштип и Реконструкција на дел од ул. Јаким Стојковски-Пробиштип.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 14.04.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Напомена: Поради големината на документот Контролна Листа на План за упавување со животна средина и социјални аспекти, не сме во можност да го прикачиме на веб страната на ЕИП, но истиот можете да го побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk

Единица за Имплементација на

Проект за поврзување на локални патишта 

Министерство за транспорт

Детали

Почеток:
14 април, 2025 @ 08:00
Крај:
28 април, 2025 @ 17:00
Проект:
Категорија на настан: