Loading Настани

Реконструкција на улица во село Ранковце – дел од Улица 1 – Општина Ранковце

12 септември, 2025 - 26 септември, 2025

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна Листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти за под-проект

Реконструкција на улица во село Ранковце,

дел од Улица 1

– Општина Ранковце

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во

Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Ранковце аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на улица во село Ранковце – дел од Улица 1- Општина Ранковце.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 12.09.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Напомена: Поради големината на документот Контролна листа на План за управување со животна средина и социјалниа спекти за Реконструкција на улица во село Ранковце – дел од Улица 1- Општина Ранковце, истата можете да ја обезбедите доколку испратите барање на следната електронска пошта:  saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk

Единица за Имплементација на

Проект за поврзување на локални патишта

Министерство за транспорт

Детали

Почеток:
12 септември, 2025
Крај:
26 септември, 2025
Проект:
Категорија на настан: