ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот
„Градежни работи за надградба на административни објекти на шпедициите; Реконструкција на административната зграда на царината и полицијата и отстранување на постоечки објект (Слободна царинска продавница) на Граничен премин Ќафасан (Фаза I)“
во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан (ПОТТЗБ)
Во рамки на “Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан (ПОТТЗБ)” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проекти при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел олеснување на трговијата и транспортот на граничниот премин (ГП) „Ќафасан“, согласно приоритетите и компонентите од Заемот, ќе се спроведе проектот за „Градежни работи за надградба на административни објекти на шпедициите; Реконструкција на административната зграда на царината и полицијата и отстранување на постоечки објект (Слободна царинска продавница) на Граничен премин Ќафасан (Фаза I)“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 20.12.2023 година официјалните веб страници на:
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.
Единица за Имплементација на Проектот
Министерството за транспорт и врски