Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Надградба на улици во село Двориште, во Општина Берово

3 декември, 2021 @ 08:00 - 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Берово аплицираше со проект за “Надградба на улици во село Двориште, во Општина Берово.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “ План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на

Општина Берово Почетна – Општина Берово (berovo.gov.mk)  на 12.03.2021

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Датум:
3 декември, 2021
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан:  Јавна презентација и видео консултација
Документи поврзани со настанот