Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Ревитализација на дел од Улица „Методија Андонов Ченто“ во н.м. Мрзенци, Општина Гевгелија

25 септември, 2020 @ 10:00 - 11:30

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Гевгелија аплицираше со проект за ревитализација на дел од Улица „Методија Андонов Ченто“ во н.м. Мрзенци, Општина Гевгелија.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Гевгелија (http://www.gevgelija.gov.mk/) на 25 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Датум:
25 септември, 2020
Време:
10:00 - 11:30
Проект:
Категорија на настан:  Известување за достапност на Контролна Листа на ПУЖССА