Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на постоечка улица „Бледски оговор“ во Општина Карпош

27 април, 2022 @ 08:00 - 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Карпош аплицираше со проект за „Реконструкција на постоечка улица „Бледски Договор“ во Град Скопје, Општина Карпош.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)

Единица за имплементација на проект при МТВ www.wbprojects-mtc.mk и на

Општина Карпош Почетна – Karpos.gov.mk  на 27.04.2022.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Министерството за транспорт и врски

Единица за Имплементација на Проектот

Детали

Датум:
27 април, 2022
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: