Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на ул. „Борис Кидрич“, „Ужичка Република“ и патот кој ги поврзува н.м. Грешница – Длапкин Дол во општина Кичево.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кичево(http://www.kicevo.gov.mk/ ) на 05.03.2020.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.