Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Пехчево аплицираше со проект за Рехабилитација на постоечки улици „Илинденска“, „Даме Груев“ и „Индустриска“ во градот Пехчево.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Пехчево (http://www.pehcevo.gov.mk/ ) на 05.03.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.