Ве покануваме на јавна расправа / видео консултација за документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалната улица “Изградба на улица од река Треска до градските гробишта, во Општина Македонски Брод, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 13 мај 2020 со почеток во 09.00 часот, со следниот дневен ред:
- Воведно излагање на претставник од Министерство за транспорт и врски за Проектот за поврзување на локални патишта; – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на претставник од Министерство за транспорт и врски; – 15 минути
- Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за прокетот” (м-р Славјанка Пејчиновска Андонова, Експерт за животна средина); – 20 минути
- Дискусија.
Категорија на настан: Јавна презентација и видео консултација