Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден аплицираше со проект за реконструкција на постоен пат, ул. „532“ во општина Илинден.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Илинден (http://www.ilinden.gov.mk/) на 15 мај 2020 (петок).
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.