Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Рехабилитација на локална улица „Братство и Единство“ во општина Струмица

21 декември, 2022 @ 08:00 - 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти (ПУЖССА) за

Контролната листа на ПУЖССА за „ Рехабилитација на локална улица „Братство и Единство“ во општина Струмица“

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Струмица аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица „Братство и Единство“ во општина Струмица”.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 22.12.2022 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Министерството за транспорт и врски

Единица за Имплементација на Проектот

Детали

Датум:
21 декември, 2022
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: