Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Рехабилитација на локални улици „Илинденска“, „Даме Груев” и „Мирче Ацев“ во Општина Пехчево

14 март, 2023 @ 08:00 - 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти (ПУЖССА) за

за Рехабилитација на локални улици „Илинденска“, „Даме Груев и „Мирче Ацев“ во Општина Пехчево

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Пехчево аплицираше со проект за Рехабилитација на локални улици „Илинденска“, „Даме Груев” и „Мирче Ацев“ во Општина Пехчево.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Единица за имплементација на Проектот при МТВ www.wbprojects-mtc.mk

Општина Пехчево  https://pehcevo.gov.mk/  и на

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) на 16.03.2023.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот

Министерството за транспорт и врски

 

Детали

Датум:
14 март, 2023
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: