ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Изградба на јавен паркинг волокалитет Старо Делчево,
населба Стар Расадник во Делчево, општина Делчево
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Делчево аплицираше со проект за под-проекти за Изградба на јавен паркинг во локалитет Старо Делчево, населба Стар Расадник во Делчево, општина Делчево.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 17.09.2025 година официјалните веб страници на:
Напомена: Поради големината на првичната верзија на Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти, не сме во можност да ја прикачиме на официјалната веб страна на ЕИП, но истата можете да ја побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на
Проект за поврзување на локални патишта