ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Реконструкција на тротоари на ул.„Маршал Тито“с.Спанчево и сообраќаен режим на ул.„Маршал Тито“с.Спанчево – општина Чешиново-Облешево
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Чешиново Облешево аплицираше со проект за Реконструкција на тротоари на ул.„Маршал Тито“с.Спанчево и сообраќаен режим на ул.„Маршал Тито“с.Спанчево – општина Чешиново-Облешево.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 10.04.2025 година официјалните веб страници на:
Напомена: Поради големината на документот Контролна Листа на ПУЖССА не сме во можност да го прикачиме на веб страната на ЕИП, но истиот можете да го побарате на следниот маил: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на
Проект за поврзување на локални патишта
Министерство за транспорт