Ве покануваме на јавна расправа / видео консултација за документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалната улица “Рехабилитација на локален пат од населба Маврови Анови до с. Врбен” во Општина Маврово и Ростуше, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 12 ноември (четврток) 2020 со почеток во 09.00 часот, со следниот дневен ред:
- Воведно излагање на претставник од Министерство за транспорт и врски за Проектот за поврзување на локални патишта; – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на претставник од Министерство за транспорт и врски; – 15 минути
- Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за прокетот” (м-р Славјанка Пејчиновска Андонова, Експерт за животна средина); – 20 минути
- Дискусија.
Категорија на настан: Јавна презентација и видео консултација