Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Надградба на локалниот пат Малешевски Пат во населено место Подареш, Општина Радовиш

11 јули, 2023 @ 08:00 - 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за

Надградба на локалниот пат Малешевски Пат во населено место Подареш, Општина Радовиш“ во рамки на

Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Радовиш аплицираше со проект за „Надградба на локалниот пат Малешевски Пат во населено место Подареш, Општина Радовиш.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Општина Радовиш https://radovis.gov.mk/

Единица за имплементација на проект www.wbprojects-mtc.mk на 11.07.2023

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот

Министерството за транспорт и врски

Детали

Датум:
11 јули, 2023
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: