Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Василево аплицираше со проект за “Надградба на локални улици во н.м. „Градошорци“ и н.м. „Василево“ во Општина Василево.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на
Општина Василево (Општина Василево | Локална самоуправа (opstinavasilevo.gov.mk) ) на 12.03.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.