Проектните активности за реконструкција на улицата во с. Мокриево во општина Ново Село. Според Деталниот проект, вкупната должина на локалната улица е 118,5 метри. Проектната улица започнува од улица која моментално се реконструира како дел од проектот LRCP и завршува на почетокот на трасата до планината. Покрај улицата има само семејни куќи.
Улицата ја користат исклучиво жителите кои живеат покрај неа како средство за поврзување со остатокот од населбата Мокриево и пошироко
Основните проектни елементи на улицата се:
- Улица – Оска 1 од km 0+000.00 до km 0+118.50
Коловозна конструкција:
- Битуменизиран носив слој БНХС 16……………………………………………………….d=7cm
- Тампонски слој од дробен камен материјал………………………………………….d=30cm
- Максимален надолжен наклон………………………………………………………. 14,06%
- Минимален надолжен наклон………………………………………………………… 2,50%
- Напречен наклон……………………………………………………………………………2,50%
- Проектна брзина …………………………………………………. 30,00 km/h
Кракот од улицата да се води според оската на постоечкиот земјен пат. Да има две сообраќајни ленти.Вкупната ширина на коловозот да биде 3 метри. Од десна страна да има банкина со ширина b1=0.50 метри, со наклон 4%. Од левата страна на улицата, напречниот профил да биде со рабник (18/24/100) и берма. Бермата да биде со ширина b2=0.50 метри.
Локалниот пат е дел од Т7Д4. Вкупната сума за реконструкција на овој проект изнесува 1073095.10 денари.