Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на локални улици „25 Мај“ и „Ѓорѓи Соколов“ во Општина Кавадарци

11 јануари, 2024 @ 08:00 - 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти (ПУЖССА) за

Реконструкција на локални улици 

„25 Мај“ и  „Ѓорѓи Соколов“  во Општина Кавадарци

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кавадарци аплицираше со проект за Реконструкција на локални улици  „25 Мај“ и  „Ѓорѓи Соколов“  во Општина Кавадарци“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот 

Министерството за транспорт и врски

 

Детали

Датум:
11 јануари, 2024
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: