Loading Настани

Доизградба на сообраќајници во Индустриска зона Раброво, општина Валандово

4 јуни, 2025 @ 08:00 - 18 јуни, 2025 @ 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна Листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти за под-проект

Доизградба на сообраќајници во Индустриска зона Раброво,

општина Валандово

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во

Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Валандово аплицираше со проект за под-проекти за Доизградба на сообраќајници во Индустриска зона Раброво, општина Валандово.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 30.05.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Напомена: Поради големината на документот Контролна Листа на План за управување на животна средина и социјални аспекти неможе да биде прикачен на веб страната на ЕИП, но истиот можете да го побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk

Единица за Имплементација на

Проект за поврзување на локални патишта

Министерство за транспорт

Детали

Почеток:
4 јуни, 2025 @ 08:00
Крај:
18 јуни, 2025 @ 17:00
Проект:
Категорија на настан: