Loading Настани

Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп

24 јули, 2025 @ 08:00 - 5 август, 2025 @ 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна Листа за управување со животна средина и

социјални аспекти за под-проект

Поставување на технички средства за забавување

на сообраќајот на улици во Општина Прилеп

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во

Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект за Поставување на технички средства за забавување на сообраќајот на улици во Општина Прилеп е ставен на јавен увид на 24.07.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Напомена: Поради големината на документот не сме во можност да го прикачиме на веб страната на ЕИП, но истиот можете да го побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk

Единица за Имплементација на

Проект за поврзување на локални патишта 

Министерството за транспорт

Детали

Почеток:
24 јули, 2025 @ 08:00
Крај:
5 август, 2025 @ 17:00
Проект:
Категорија на настан: