ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Реконструкција на пат , спој со Р1106
с.Добри дол,Општина Сопиште –
тех бр. Г_590/2022 Од Км 2+251.52 до 2+751.52
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Сопиште аплицираше со проект за „ Реконструкција на пат , спој со Р1106 с.Добри дол,Општина Сопиште – тех бр. Г_590/2022 Од Км 2+251.52 до 2+751.52.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 09.04.2025 година официјалните веб страници на:
Напомена: Поради големината на документот Контролна Листа на ПУЖССА , истата не сме во можност да ја прикачиме на веб страницата на ЕИП, но можете да ја побарате на следниот маил: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Единица за Имплементација на
Проект за поврзување на локални патишта
Министерство за транспорт