Loading Настани
  • Овој настан заврши.

План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) „Реконструкција на локални улици во населено место Јегуновце – прва и втора фаза во општина Јегуновце“

9 јуни, 2023 @ 08:00 - 23 јуни, 2023 @ 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) „Реконструкција на локални улици во населено место Јегуновце – прва и втора фаза во општина Јегуновце“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Јегуновце аплицираше со проект за „Реконструкција на локални улици во населено место Јегуновце – прва и втора фаза во општина Јегуновце“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Општина Јегуновце https://opstinajegunovce.gov.mk/

Единица за имплементација на проект www.wbprojects-mtc.mk и на

Министерството за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk на 09.06.2023 година

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

 

Министерството за транспорт и врски

Единица за Имплементација на Проектот

Детали

Почеток:
9 јуни, 2023 @ 08:00
Крај:
23 јуни, 2023 @ 17:00
Проект:
Категорија на настан: