Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на локални улици „Никола Карев“, „Јане Сандански“, „Илинденска“ и „Вељко Влаховиќ“ со краци во н.м. Стар Дојран во Општина Дојран

1 декември, 2023 @ 08:00 - 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти (ПУЖССА) за

Реконструкција на локални улици „Никола Карев“, „Јане Сандански“, „Илинденска“ и „Вељко Влаховиќ“ со краци во н.м. Стар Дојран во Општина Дојран

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина  Дојран аплицираше со проект за Реконструкција на локални улици „Никола Карев“, „Јане Сандански“, „Илинденска“ и „Вељко Влаховиќ“ со краци во н.м. Стар Дојран во Општина Дојран“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 01.12.2023 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот 

Министерството за транспорт и врски

 

Детали

Датум:
1 декември, 2023
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан: