Loading Настани

Реконструкција на тротоари на улица ’’Кеј 1-ви Мај’’- Прилеп во општина Прилеп

22 јули, 2025 @ 08:00 - 5 август, 2025 @ 17:00

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна Листа на План за управување со животна средина и

социјални аспекти за под-проект

Реконструкција на тротоари на

улица ’’Кеј 1-ви Мај’’- Прилеп во општина Прилеп

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во

Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за „Реконструкција на тротоари на улица ’’Кеј 1-ви Мај’’ Прилеп во општина Прилеп.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 22.07.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Напомена: Поради големина на документот Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспкети за под-проект за Реконструкција на тротоари на улица ’’Кеј 1-ви Мај’’- Прилеп неможе да биде прикачен на веб страната на ЕИП, но истиот можете да го побарате на следниот маил: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk

Единица за Имплементација на

Проект за поврзување на локални патишта

Министерството за транспорт

Детали

Почеток:
22 јули, 2025 @ 08:00
Крај:
5 август, 2025 @ 17:00
Проект:
Категорија на настан: