ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Реконструкција на улица во с.Криволак во должина од 250м
во Неготино
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Неготино аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на улица во с.Криволак во должина од 250м во Неготино.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 15.09.2025 година официјалните веб страници на:
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Напомена: Поради големината на документот Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти, не сме во можност да ја прикаќиме на веб страницата на ЕИП, но истата можете да ја побарате на следната електронска пошта: saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk
Единица за Имплементација на
Проект за поврзување на локални патишта
Министерство за транспорт